Тајмаут
Каталонските сепаратисти планираат масовни протести пред „Камп Ноу“ пред „Ел Класико“
Сепаратистичкото движење „Каталонски демократски цунами“ во Каталонија шири повици за митинзи на „Камп Ноу“ пред дерби натпреварот на Шпанското фудбалско првенство меѓу Барселона и Реал Мадрид, закажан за 18 декември.
Овој натпревар требаше да се одржи на 26 октомври, но тогаш заради масовните собири во Барселона, од безбедносни причини беше одложен за декември.
Сепак, приврзаниците на независноста на Каталонија решија да користат гласен знак и да одржат нови митинзи – токму на стадионот „Камп Ноу“, каде ќе се игра натпреварот.
Движењето посочи четири места на собирање околу стадионот, што може да го блокира пристапот на гледачите до арената.