Тајмаут
Катар навести: Бакнувањето меѓу геј парови не е добредојдено на СП 22
Геј паровите кои патуваат во Катар на Светското првенство ќе мора да избегнуваат јавно прикажување на љубов и страст. Во спротивно ќе имаат проблеми, можни се и казни. Ова го соопшти генералниот секретар на Врховниот комитет за однесување и наследство на Светското првенство во 2022 година, Хасан Ал Тавади.
Запрашан од поранешната фудбалска ѕвезда Гери Невил дали геј паровите треба да очекуваат да бидат дискриминирани доколку се бакнуваат јавно, тој рече: „Првата работа што треба да биде јасно е дали се работи за геј пар или не. Но, јавното покажување љубов не е дел од нашата култура“.
На појаснувачкото прашање дали на љубовниците ќе им се советува да се воздржуваат од бакнување на јавни места, Ал Тавади одговорил потврдно, пишува „Дејли мејл“.