Connect with us

Други спортови

Катастрофа во Италија, откажана трката од Формула 1

Формула 1 објави дека трката е откажана, поточно одложена, но поради немањето време да се најде нов датум, најверојатно Имола нема ни да се вози оваа година. „Донесена е одлука за која сите мислат дека е правилна, локалните заедници и навивачите на Формула 1, бидејќи мораме да се погрижиме да не бидеме дополнителен товар во оваа катастрофална ситуација. Италија во вторникот беше погодена од силен дожд и невреме и среда и поплавите се шират низ регионот Емилија Ромања, има и жртви, а евакуацијата е во тек“, изјавија за Би-Би-Си од Формула 1.

Трката во Имола за Големата награда на Емилија Ромања требаше да се вози во недела на 21 мај, но поради поплави таа нема да се одржи.