Connect with us

Други спортови

Катастрофален старт, Биното пред отказ во Ферари

Директорот на италијанскиот тим, Ферари, Матија Биното наскоро би можел да добие отказ, пренесува „Кориере дела Сера“.

Според изворот, Биното ја изгубил довербата кај претседателот и извршниот директор на Ферари по катастрофалниот почеток на новата сезона во Ф1 шампионатот.

Се шпекулира дека одлуката за разрешување на Биното може да биде донесена во наредните недели.

Главен претендент за наследник на Биното во Ферари е Антонело Колета, кој го предводи тимот на трките во класата ГТ.