Други спортови
Катастрофални квалификации за Хамилтон, пол позиција за Перез
Драмата во квалификациите започна веќе во првиот дел од квалификациите, кога Латифи излета од патеката и не успеа да се врати поради оштетување на болидот.
По продолжувањето на квалификациите во Q1, видовме вистинска сензација кога Луис Хамилтон не успеа да се пласира во Q2 и утре ќе стартува од само 16-та позиција. Ова само дополнително потврди дека Мерцедес е во навистина големи проблеми на почетокот на новата сезона.
И во вториот дел од квалификациите гледавме нова драма. Мик Шумахер на самиот почеток доживеа тешка несреќа кога удри во ѕид, а паузата траеше повеќе од половина час.
Шумахер е пренесен во болница со хеликоптер и најважно е што не е тешко повреден, но се уште е под знак прашалник дали возачот на Хаас ќе го видиме на утрешната трка.
Во третиот дел од квалификациите конечно бевме фокусирани само на случувањата на патеката каде Ферари и Ред Бул се бореа за пол-позицијата.
Саинц и Леклер беа прилично добри на почетокот на третиот дел и го презедоа водството кое го одржаа до самиот крај. Леклер „леташе“ на патеката во последниот круг и се чинеше дека ја достигнува пол-позицијата.
Но, сите беа шокирани од одличниот Серхио Перез кој беше нереален во минатото коло. Тој успеа да го надмине Леклер за само 25 десетинки и да стигне до пол-позицијата.
Саинз ќе стартува трет, додека Макс Верстапен денеска беше само четврти, што секако не е резултат од кој е задоволен.
Во ТОП 10 од денешните квалификации завршија и Окон (Алпина), Расел (Мерцедес), Алонсо (Алпина), Ботас (Алфа Ромео), Гасли (АфаТаури) и Магнусен (Хаас).
🏁 QUALIFYING CLASSIFICATION 🏁
A maiden pole position for Checo! 👏#SaudiArabianGP #F1 pic.twitter.com/XhWtsv7cxB
— Formula 1 (@F1) March 26, 2022