Тамара Корпатш требаше да настапи во двојки со Тан, но Французинката и го сврте грбот. Таа и испратила порака и ја откажала заедничката средба.
“Таа само утрово ме контактираше. На само еден час пред почетокот на натпреварот. Многу сум тажен, разочаран, но и лут што не можев да го одиграм првиот меч од двојките во кариерата на Грен слем турнирот. не е фер, не го заслужив тоа“, напиша Тамара Корпатч на Инстаграм.
Германката, која во вторникот беше исфрлена во првото коло на турнирот во сингл на Вимблдон, требаше да дебитира во двојки во среда, но нејзиниот иден партнер „и заби нож во грб“.
Официјална причина за отсуството на Французинката била повредата на бутот, но евидентно е дека таа сакала само да се фокусира на синглот и дека според многумина се „турнала“ откако ја избркала славната Американка Серена Вилијамс.
Ривалки на дуото Корпатш-Тан требаше да бидат Надија Киченок од Украина и Ралука Олара од Романија. Германско-француската двојка беа заменети со Валентини Граматикопулу од Грција и Пеангтарн Плипуек од Тајланд.
Интересно, и Корпач имаше долга партија зад себе исто како и Тан, која по голема борба ја победи Серена Вилијамс. Германката во вторникот загуби од Британката Хедер Вотсон со 7:6 (7), 5:7, 2:6, а нивниот натпревар траеше 2 часа и 35 минути. Тан сепак реши да одмори пред мечот од 2. коло во кој ќе се соочи со Сара Сорибес Тормо.