Connect with us

Фудбал

Кавани ги одбил Јувентус и Интер, а еве зошто

Единсон Кавани како слободен играч одлучи да ја продолжи кариерата во Манчестер Јунајтед. Тој не беше во можност му помогне на својот тим да се пласира во нокаут фазата во ЛШ поради повреда, иако претходно покажа дека е големо засилување.

Сепак, пред да потпише за Јунајтед, имал одлични понуди од Јувентус и Интер. Сепак, одбил да се врати во Италија, а ја откри и причината.

-Секогаш ќе му бидам благодарен на Наполи. Поради таа причина има кажав „НЕ“ на многу италијански клубови, вклучувајќи го тука Јувентус кој често ми се јавуваше, исто и Интер. Не можев да направам таков гест до Наполитанците. Ако мислам на Неапол, мислам на радост. Знам дека направив многу за нив и тие продолжуваат да ми оддаваат почит со сето ова, изјави Кавани.