Connect with us

Фудбал

Кавани го помина медицинскиот преглед во Манчестер јунајтед, потписот е скоро договорен

Манчестер, 5 октомври 2020 (МИА) – Напаѓачот Единсон Кавани е близу до премин во Манчестер јунајтед.

Уругвајскиот напаѓач, кој е слободен агент, успешно го заврши медицинскиот преглед. Тој е близу до потпишување договор 1 + 1.

Според новинарот Фабрицио Романо, скоро сите услови на зделката се договорени. Преминувањето на Кавани се очекува да биде објавено во попладневните часови. зс/