Поврзи се

Фудбал

Кавани најверојатно ќе го пропушти дуелот со Реал Мадрид

Голгетерот на ПСЖ, Единсон Кавани е неизвесен за гостувањето на Реал Мадрид во првиот 1/8-финален натпревар од Лигата на шампионите. Тоа го изјави тренерот на францускиот тим, Унаи Емери.

Според него, уругвајскиот стрелец има повреда и во последен момент ќе одлучи дали да се обложи на него за тешкиот дуел на „Сантијаго Бернабеу“, кој ќе се одигра во среда од 20:45 часот по наше време.

– Курзава исто така има проблеми. И тој ќе помине фитнес тест за да видиме каква е неговата состојба, додаде Емери.

Од почетокот на сезоната Кавани е водечки голгетер на ПСЖ со 28 гола во 31 натпревари во сите натпреварувања. Тој не играше при синоќешниот успех со 1:0 како гостин на Тулуз во натпревар од 25-тото коло на Лига 1. Со повреди на „Парк де Пренс“ се уште искусниот Тиаго Мота, Хатем Бен Арфа и голманот Кевин Трап.

За Реал, со сигурност ќе отсуствува десниот дефанзивец Даниел Карвахал, кој е казнет.

ФОТО

loading...

Повеќе од Фудбал

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com