Connect with us

Фудбал

Кавани во Премиер лигата – „Му се восхитувам на него како фудбалер“

Тренерот на Челси, Франк Лампард, за време на прес-конференцијата потврди дека неговиот тим е заинтересиран да го доведе уругвајскиот напаѓач Единсон Кавани на „Стемфорд Бриџ“.

Кавани е близу да заминување од ПСЖ во јануари затоа што неговиот договор со францускиот шампион истекува на крајот на сезоната.

„Единсон Кавани е одличен играч. Играв против него и секогаш му се восхитував на неговиот менталитет без да ги заборавам сите голови што ги постигна. Тој е навистина добар играч. Како и да е, не знам каква е ситуацијата, ајде да видиме дали можеме да го донесеме во Челси“, рече Лампард.