Фудбал
Кавани за иднината: Имам уште неколку години, не знам каде ќе ги поминам …
Судбината на уругвајскиот напаѓач Единсон Кавани сè уште не е позната.
Тој има договор со ПСЖ до крајот на јуни и со оглед на тоа што Лига 1 веќе заврши, тој можеби го одигра последниот натпревар за тимот.
Засега нема индикации дека договорот ќе биде продолжен, па Кавани е во контакт со други клубови во последните неколку недели.
Искусниот напаѓач сега се огласи за официјалното списание на ПСЖ, во кое вели дека останаа уште неколку години од неговата кариера и дека прашањето е каде ќе ги помине.
„Мојата кариера ќе трае уште неколку години. Без разлика дали ќе биде тука или на некое друго место, не знам. Честопати зборувам за тоа со моите соработници. Отсекогаш велев дека би ја избрал опцијата да го напуштам фудбалот отколку фудбалот да ме напушти мене“, рече Кавани.
„Јас навистина би сакал да ја прекинам кариерата знаејќи дека дадов се од себе. Сакам да стигнам до тоа да кажам: Дечки, ова е точката по која треба да одам. Не сакам да влезам во ситуација да играм и да знам дека не можам да дадам се од себе. Ќе доје денот кога ќе биде очигледно дека е дојдено времето да преминеме на нешто друго“, додаде тој.
Патем, проблемот за Кавани се појави во моментот кога ПСЖ го позајми Мауро Икарди од Интер. Аргентинецот се избори за место во првиот тим со одлични игри, па го фрли Кавани во втор план.
33-годишниот Уругваец пристигна во Париз пред седум години од Наполи и од тогаш освои шест титули во Лига 1 со клубот.
Тој беше поврзан со заминувањето во Атлетико Мадрид во јануари, но преговорите пропаднаа во последната минута.
Патем, во неодамнешната анкета спроведена од „L’Equipe“, дури 77 проценти од гласачите рекоа дека Кавани би требало да остане во ПСЖ.