Фудбал
Кавга во ПСЖ поради тренер
Спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо е во кавга со претседателот Насер Ал Келаифи поради изборот на тренерот за следната година. Како што наведува „Л’Екип“, Леонардо ова лето сака да го осигура ангажманот на Масимилијано Алегри. Смета дека тој е идеален за тимот и му понудил соработка до 2021 година.
Сепак, имало жестока реакција од претседателот на клубот Ал Келаифи кој го поддржува актуелниот тренер Томас Тухел. Подготвен е да му понуди нов договор, па поради тоа владее голема напнатост помеѓу челните луѓе.
Останува да се види како ќе биде решена целата ситуација.