Connect with us

Кошарка

Казинс во Хјустон, ќе игра за ветерански минималец

Демаркус Казинс потпиша договор со Хјустон Рокетс. Сега е подготвен да се врати и да тргне од почеток, тој потпиша едногодишен договор со Хјустон.

Пред помалку од три години ДеМаркус Казинс беше еден од најдобрите центри во НБА-лигата, но по повредата во 2018 година, не дигна глава од проблеми. Следеше серија на повреди, па во само две и пол сезони одигра 38 натпревари.

Прашање е само како ќе изгледа тимот на Хјустон во новата сезона. Тренерот Мајк Дентони си замина, а двете најголеми ѕвезди, Џејмс Харден и Расел Вестбрук побараа да го напуштат клубот.