Connect with us

Фудбал

Казната ја препуштаме прво на Господ, а потоа на полицијата-Грабеж во просториите на ФК Шкупи, им ја украле опремата за видео анализа (ФОТО)

Вчера во вечерните часови на стадионот Чаир, клупските простории на ФК Шкупи, е извршен грабеж. Како што соопшти тимот од Чаир,  била скршена вратата и украдени телевизорот и проекторот, користени за видео анализа на мечевите.

Прашуваме кои зли духови го направиле овој вандалски чин. Навистина не можеме да го разбереме. Тие што го направија овој чин се срамот на Чаир и се нечесни. Казната за нив ја препуштаме прво на Господ, па на полицијата па на жителите на Чаир, велат од ФК Шкупи.