Connect with us

Фудбал

Казни за Тиквеш, Башкими и Вардар

Суспензија на теренот за Тиквеш, Башкими и Вардар Неготино. Ваква одлука донесе Дисциплинска комисија при ФФМ поради инцидентите на нивните домашни терени. Имено, на мечот Тиквеш-Вардар навивач удри помошен судија со шише, по што мечот беше прекинат. Поради ова Тиквеш ќе игра два меча како домаќин надвор од својот стадион. Истата казна ја доби и второлигашот Вардар Неготино, бидејќи како домашин на меч од ВМФЛ дозволил неофицијално лице, кое го немало во записникот да влезе на теренот и да го удри голманот на Охрид. Истата казна е и за Башкими каде исто така по мечот со Беласица имало голем притисок од неофицијални лица врз судиите. Па, така според казните, Тиквеш ќе игра во Кичево, Башкими во Гостивар, а Вардар Неготино во Струмица.