Фудбал
Ќе игра ли Алиоски против Роналдо, а можеби и против Лионел Меси?!
Ал Ахли се врати во елитната дивизија во Саудиска Арабија, што значи дека ѕвездите на овој клуб, кои играат на позајмици, ќе се вратат во клубот. Меѓу нив е и македонскиот репрезентативец Џани Алиоски кој како позајмен играше во Фенербахче.
Алисоки во Ал Ахли пристигна пред две години од Лидс јунајтед. Во првата сезона беше избран во тимот на сезоната во Саудиска Арабија.
Со оглед на тоа дека во моментов таму е Кристијано Роналдо, медиумите пишуваат дека таткото на Меси, Хорхе Меси, кој е негов менаџер ја прифатил богатата понуда од Ал Хилал, па може да се случи слдната сезона нашиот Алиоски да игра против двете најголеми ѕвезди. Се разбира, условот е Алиоски да остане во Ал Ахли, Роналдо во Ал Наср, а Меси да дојде во Ал Хилал.