Други спортови
Ќе игра против Надал за 5. коло, а не ни знае за тоа: Tри часот по полноќ e …
Адријан Манарино за прв пат во кариерата избори пласман во четвртото коло на Австралија Опен.
Тој во третото коло го победи рускиот тенисер Аслан Карацев со 3:1 и со тоа напредуваше понатаму, а следен противник му е легендарниот Рафаел Надал.
„Сега сум уморен“, рече 33-годишниот Французин, а на прашањето за следниот ривал, тој рече:
„Не знам против кого ќе играм во следното коло. Не гледам напред. Три е часот…туку што го завршив натпреварот. Не ми е гајле против кого ќе играм. Тоа е последното нешто за кое размислувам сега. Сакам да уживам во моментот. Ќе има време и да размислувам за следниот противник“.
Манарино во првото коло го победи Дакворт со 3:2, Хуркач беше елиминиран со 3:0, а сега има меч против човекот кој 20 пати го освои Грен слем турнирот.