Фудбал
„ЌЕ ЈА ВРАТАМ СТАРАТА СЛАВА НА ОВОЈ КЛУБ“: Кристијано Роналдо продолжува со кариерата
Фудбалерот на Манчестер Јунајтед и португалски репрезентативец Кристијано Роналдо изјави дека ќе даде се од себе клубот од „Олд Трафорд“ да го врати на стариот сјај и дека е многу среќен што останува, пренесуваат британските медиуми.
Роналдо (37) сезонава одигра 38 натпревари за „црвените ѓаволи“ во сите натпреварувања и има постигнато 24 гола.
– Бев и се уште сум многу среќен што сум тука, а она што имам да им го кажам на навивачите е дека се неверојатни. Дури и кога губевме натпревари, тие секогаш не поддржуваа, секогаш се со нас. Мотивиран сум да продолжам да работам напорно, бидејќи се уште имам љубов кон играта и Манчестер Јунајтед. Моите соиграчи ми помагаат да успеам во мојата намера. Секогаш е убаво да се постигнуваат голови за овој тим, но најважно ми е да победам што повеќе натпревари и да освојам првенство или куп. Искрено верувам дека можам да го вратам Манчестер Јунајтед таму каде што припаѓа. Потребно е време, но јас верувам во тоа – изјави Роналдо, пренесе Скај Спорт .Јунајтед ја заврши сезоната во Премиер лигата на шестото место на табелата со 58 бодови и следната сезона ќе игра во Лига Европа.
Јунајтед ја заврши сезоната во Премиер лигата на шестото место на табелата со 58 бодови и следната сезона ќе игра во Лига Европа.