Фудбал
„Ќе направиме се што можеме за Халанд да биде во нашиот клуб“
Норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд ќе биде првата приказна ова лето на трансфер пазарот.
Се споменуваат многу клубови, некои пишуваат дека се договорил со Реал, некои уште ги спомнуваат Баерн и Барселона дека се во игра.
Шпански „Спорт“ ја пренесува веста дека во редовите на Барселона одлучиле да направат се за да го доведат Халанд.
? "La noticia de que el Barça tiene un límite salarial negativo de 144 millones de euros no hace variar la estrategia de Laporta: quiere fichar un crack el próximo verano"
✍️ @LluisMascarohttps://t.co/DhIkQ6QcvV
— Diario SPORT (@sport) March 15, 2022
Најголемото прашање е како Барселона финансиски ќе ја поднесе тежината на трансферот, но Лапорта рече дека ќе направи се Халанд да стане член на Ноу Камп без разлика на финансиските детали.
Норвежанецот многумина најмногу го поврзуваат со трансфер во каталонскиот клуб, но јасно е дека многу клубови се во подобра ситуација од Барса кога се парите во прашање.
Сити е исто така решен да ја активира клаузулата во договорот со Дортмунд на лето, според која Халанд може да оди за 80 милиони евра. Наводно тие веќе ги подготвиле разговорите, но некои сметаат дека тоа се само одвлекување на вниманието од островските медиуми во целата приказна.