Connect with us

Фудбал

Кедира го тренираа Анчелоти, Алегри, Лев, Германецот го избра најдобриот

За време на неговата кариера, Сами Кедира ја имаше честа, но и среќа да биде трениран од страна на некои од најдобрите тренери на светот.

Кедира со години го водеше Јоаким Лев во германската репрезентација, со кого го освои и Светскиот куп во 2014 година.

Во клупскиот фудбал додека играше за Реал Мадрид тој беше трениран од Жeозе Мурињо и Карло Анчелоти, а во Јувентус од Масимилијано Алегри.

Кедира го избра Мурињо за најдобар тренер во неговата досегашна кариера, објаснувајќи зошто изборот падна на португалскиот стручњак.

„За време на мојата кариера имав неколку одлични тренери. Најимпресиониран сум од Мурињо затоа што веруваше во мене. Јас го направив најголемиот чекор во 2010 година кога се преселив од Штутгарт во Реал по Светскиот куп“.

„Мурињо ме промовираше како личност и јас напредував технички. Тој веруваше во мене, имам одличен однос со него и ден денес се слушаме со него. Благодарение на неговата личност јас му се восхитувам како тренер“, рече Кедира.

Мурињо беше тренер на Кедира од 2010 до 2013 година. Заедно ја освоија Ла Лига, Копа дел Реј и Шпанскиот Супер куп.