Фудбал
Кедира веќе го одигра својот последен натпревар за Јувентус?
За играчот од средниот ред, сезоната е завршена поради повреда, а дали тоа значи и дека ја завршил епизодата во Јувентус?
Тој играше во полуфиналето против Милан, но не беше ниту на клупата во финалето против Наполи, а „Газета дело Спорт“ предупредува дека е подготвен за двомесечна пауза поради повреда на тетивата.
Ова значи дека искусниот Германец нема да биде дел од Јувентус до крајот на сезоната и дека, по секоја веројатност, 33-годишниот репрезентативец ќе го напушти Торино по четири сезони и четири Скудета.
Тој имаше многу проблеми со повредите оваа сезона, па одигра само 22 натпревари од почеток до крај.
Кедира дојде во Јувентус од Реал Мадрид во 2015 година, а во неговата кариера играше и за Штутгарт.