Connect with us

Фудбал

Кеирош: За фудбалерите на Иран е сон да играат против Англија

Селекторот на Иран, Карлос Кеирош, упати пофални зборови за репрезентацијата на Англија со која ќе се соочи утре на почетокот на Светското првенство. Португалецот има големо искуство во англискиот фудбал, откако имаше две периоди како помошен тренер во Манчестер Јунајтед.

„На секој натпревар одиме со иста цел – да победиме и да играме добар фудбал. Знаеме дека утре ќе биде многу тешко против Англија, но бараме да собереме доволно бодови за да се пласираме во следната фаза, што е нашиот сон“, изјави Кеирош.

„Што можам да кажам за Англија? Една од врвните репрезентации во светот. Тие се сериозен претендент за финалната фаза, зошто да не и претендент за светскиот шампионат? На последното Светско и Европско првенство се претставија одлично. Тие се полни со талент. Ова е најважниот натпревар во нашите животи. Прво, затоа што е следниот, но и затоа што првпат се соочувам со Англија. Играњето против Англија е како магија за нашите играчи бидејќи повеќето од нив не мислеа дека тоа е можно. За нив ова е сон“, додаде тренерот.