Connect with us

Фудбал

Кејлор Навас останува во Реал

Голманот на Реал Мадрид и репрезентативецот на Костарика Кејлор Навас изјави дека ни малку не бил „возбуден“ поради гласините дека Тибо Куртоа бил се поблиску до Реал Мадрид.

Кејлор Навас во редовите на Мадридскиот великан стигна во 2014. година од Левантево трансфер вреден 10 милиони евра, а од тогаш со Реал има освоено три титули во Лигата на шампионите , четири титули во Светскиот клупски шампионат, една титула во Ла Лига, една титула од Кралскиот куп и една титула од шпанскиот Супер куп.

Тибо Куртоа кој се споменува како голема желба на челниците на Реал Мадрид се уште е чувар на мрежата на Челзи, а се повеќе се поврзува со Реал, бидејќи му остана само уште една година година од договорот со „Плавите“, кои со неговата продажба би заработиле добар износ пред да му истече договорот.

Навас рече дека разговарал со новиот тренер Жулен Лопетеги и дека е мирен после тој разговор по прашањето за својата иднина во Мадрид.

„Разговарав со Лопетеги. Се е во ред, се е во ред, мирен сум, Ми останаа уште две години по овој договор, при што навистина напорно работев. Уживам во секој момент во Реал и морам да видам што ќе се случува во иднина. Се надевам дека ќе уживам и во неа“, рече Кејлор Навас.