Фудбал
Кејн ќе биде подготвен за продолжувањето на Премиер лигата: Јас сум тука за две – три недели
Напаѓачот на Англија и прва sвезда на Тотенхем, Хари Кејн веројатно ќе се врати на терените кога и ако продолжи Премиер лигата.
Кејн беше се повреди во јануари и тогаш сите мислеа дека сезоната може да заврши за него. Сепак, паузата поради коронавирусот го спаси и тој ќе биде подготвен да се врати за две или три недели на теренот што значи дека ќе игра до финишот на сезоната, ако воопшто се игра.
„Добро ми оди. Јас напорно работам, се опоравувам и чекам да видам што се случува со сезоната“, рече тој.
„Во нормални услови, за две или три недели би можел да работам со тимот. Можам да направам се, само малку ќе треба да поработам на формата. Сепак, ситуацијата е чудна сега, се чини дека никој не доживеал вакво нешто. Засега, јас и моето семејство сме добро”.
Епидемијата на Коронавирус предизвика Премиер лигата да биде откажана најмалку до 30 април, а засега е непознато дали ќе има дополнително одложување.
Кејн е најважниот играч на Тотенхем кој сигурно ќе значи многу за тренерот Jозе Мурињо кога станува збор за борба за четвртото место во англиската лига.