Фудбал
Кејн: „Не знам што ќе стори тој со мојот дрес, но јас ќе го врамам неговиот“
Голгетерот на Тотенхем Хари Кејн, по завршувањето на дуелот со Реал во Лигата на шампионите, пријде кон Кристијано Роналдо и побара да ги разменат дресовите.
Го замолив за дресот. Тој е важен примерок за мене. Го гледав Роналдо додека пораснав. Ќе биде одлично да го врамам неговиот дрес. Не знам што ќе стори тој со мојот. Во кусиот разговор по средбата си рековме дека ќе се видиме за неколку недели, изјави Кејн.
Натпреварот Реал Мадрид – Тотенхем заврши нерешено 1:1.
Пред неколку години игравме во Лига Европа, а сега настапуваме во елитата. Тоа ни дава самодоверба и за настапите во Премие рлигата, истакна најдобриот играч на Тотенхем.
Кејн на 11 натпревари во сите натпреварувања оваа сезона постигна исто толку натпревари, а го постигна и решавачкиот гол за Англија за пласман на Светското првенство 2018.