Фудбал
Кејн останува во Тотенхем?
Скај Спорт утрово пишува дека Хари Кејн нема за скоро време да го напушти Тотенхем.
Иако се шпекулираше дека поради кризата и работата на стадионот, Тотенхем треба да го продадат својот најдобар играч, тоа нема да се случи.
Овој медиум дознава дека во Тотенхем решиле да го задржат.
„Навистина морам да кажам дека го сакам овој клуб. Но, секогаш ќе кажам дека не напредуваме како тим или едноставно одиме во погрешна насока. Ако остане така, верувајте ми дека ќе си заминам. Јас сум амбициозен играч кој секогаш сака да напредува и да сака повеќе. Без разлика дали одам или останувам не е лесно, но има работи што дефинитивно ќе ја диктираат таа одлука“, рече Кејн неодамна, со што ја поткрепи приказната за заминување.
Најмногу се поврзуваше со Јувентус и Манчестер Јунајтед.
Неговата цена, наводно, е рекордна 227 милиони евра.