Connect with us

Фудбал

Кејн се опорави од повредата, но сè уште не е јасно кога ќе може да игра

Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо зборуваше за здравјето на напаѓачот Хари Кејн, како и на некои други играчи кои беа повредени пред сезоната да заврши во Англија. – Кејн, Муса Сисоко и Стивен Бергваин веќе не се повредени.

Проблемот е што тие сè уште не се подготвени да играат фудбал. Тие беа скоро опоравени од повредите кога ни забранија да тренираме поради коронавирусот. Н

е знам дали ќе можат да играат оваа сезона, прво мора да почекаме лекарите да им дозволат на играчите да тренираат, а потоа да видиме дали тие успеваат да бидат во оптимална форма, изјави Мурињо за „Скај Спортс“. Кејн има 17 голови и 2 асистенции на 25 натпревари за Тотенхем во сезоната 2019/20.