Фудбал
Кејн сигурно го напушта Тотенхем
Хари Кејн би можел да го напушти Тотенхем до лето.
Овој 26-годишен напаѓач нема повеќе трпеливост во дресот на Тотенхем и наводно е подготвен да замине.
Кејн пропушти голем дел од оваа сезона поради повреди и во кариерата постигна 181 гол на 278 натпревари за Тотенхем.
Одличниот напаѓач се поврзува со Јувентус и Манчестер Јунајтед, но Англичаните пишуваат дека во игра е и Манчестер Сити.
Во случај на продажба, Спарси може да добијат дури 150 милиони фунти за нивната најголема ѕвезда.
Кејн исто така е заинтересиран да се најде во тим кој освојува трофеи. Тотенхем не е таков тим, така што двете страни се приближуваат кон крајот на соработката.