Фудбал
Кепа може да ги спакува куферите: Челзи пронајде нов голман
Кепа Аризабалага може да ги спакува куферите и да бара нов клуб.
Најскапиот голман на светот не се покажа премногу на „Стемфорд Бриџ“, сите се разочарани од неговите настапи и не е ни чудо ако тој ова лето го напушти Лондон.
Челси веќе бара нов голман, а судејќи според турските медиуми, го најдоа во редовите на Трабзонспор.
„Плавите“ спремиа 30 милиони евра за фантастичниот турски голман Угурчан Чакир и оваа понуда ќе ја испрати до Трабзонспор.
Чакир е навистина одличен на голот на Трабзон оваа сезона. Тој бранеше феноменално и привлече многу внимание кон себе.
Сега тој би можел да направи и голем трансфер. Трабзон е подготвен да ја прифати понудата и би можеле да го гледаме 24-годишниот голман во Премиер лигата од следната сезона.
Челси очигледно одлучи да оди на врвот на Премиерлигата, тие веќе го доведоа Хаким Зијеч од Ајакс, а Тимо Вернер е многу близу до доаѓање.