Фудбал
Кежман демантираше трансфер на Милинковиќ-Савиќ во Манчестер Јунајтед
Агентот на Сергеј Милинковиќ-Савиќ, Матеја Кежман ги негираше информациите за договор помеѓу Лацио и Манчестер Јунајтед за трансфер на Србинот на „Олд Трафорд“.
Претходно денеска, „Сан“ објави материјал илустрирајќи дека Милинковиќ-Савиќ ќе му се придружи на Жозе Мурињо за вкупно 80 милиони фунти.
– Претстојат три големи натпревари пред Лацио и никој не преговарал за ништо. „Орлите“ можат да постигнат нешто импресивно, откако имаат шанси да се пласираат во Лигата на Шампионите. Нормално е да има голем интерес кон Сергеј од големите европски клубови, но не сме постигнале договор со ниту еден, изјави Кежман за lazionews.eu.