Connect with us

Кошарка

КФМ се правда: На дресовите морало да стои „Северна“

Published

on

Како што е познато на квалификацискиот турнир во Перм, македонската кошаркарска репрезентација играше во нова спортска опрема, на која до името Македонија, стоеше „Северна“. Од КФМ денеска на прес конференција на која беше промовиран новиот селектор, се правдаше, дека така било наложено од ФИБА.

– Сакам да ја искористам можноста да објаснам дека немаме никаква вина што во Перм игравме во нова опрема со новото име напишано на неа. Така ни беше наложено од ФИБА, која повеќе не толерира да го нема името на државата на дресовите. Тоа може да се провери и тоа е причината за тоа што се случи на последниот квалификациски турнир, изјави генералниот секретар на федерацијата, Владимир Георгиевски.

Како што е познато и самата федерација го смени офицјалниот назив и го вметна терминот „Северна“. Сега се Кошаркарска федерација на Северна Македонија – КФСМ.

 

Facebook