Connect with us

Фудбал

Киеза се враќа во игра за Јувентус на дербито против Милан

Фудбалерот на Јувентус, Федерико Киеза е се поблиску до „враќање“ на терените откако се опорави од повредата на коленото. Фудбалерот на „бјанконерите“ добро се снаоѓа во рехабилитацијата и наскоро ќе се приклучи на тренинзите на својот тим. Може да се опорави во дербито со Милан на радост на навивачите на „Старата дама“.

Италијанските медиуми наведуваат и дека рехабилитацијата на Пол Погба оди добро, па се очекува тој да биде подготвен за натпреварот против Бенфика на 25 октомври во Лисабон.

Киеза се повреди на 9 јануари годинава на натпреварот против Рома кога ги скина лигаментите. Тој направи пауза од седум месеци, по што се очекува за десет дена да се приклучи на тренинзите на својот тим.