Фудбал
Кике Сетиен: Оваа победа ќе нè мотивира неверојатно
Кике Сетиен, по значајниот триумф на Барселона над Бетис, беше многу задоволен од прикажаната игра на неговите играчи двапати да ја нулираат предноста на противникот и на крајот да издвојуваат победа.
„Смелиот пристап на Бетис ја искомплицира нашата работа со топката, сепак многу бевме ангажирани во првиот дел. Во ниеден момент не сме се смириле. Имаме играчи со многу вештини и квалитети. По паузата, ја контролиравме играта појасно. Освоивме три вредни поени, но беше многу тешко“.
„Значи, ја ценам играта и победата. Примивме удар од Билбао, каде бевме многу добри и ја заслуживме победата, но бевме елиминирани. Вечерва Барса ја заслужи победата. Ние, се разбира, можеме да ги подобриме работите, но јас сум многу среќен со однесувањето на тимот. Казна за Лео Меси? Јас тоа не го видов јасно, бидејќи бев премногу далеку“.
На крајот, тој зборуваше за неговото враќање во Бенито Виламаран:
„Заминав пред неколку месеци и дојдов овде, а го посакувам најдоброто на Бетис. Тоа беше многу емотивно враќање. Јас сум многу благодарен на овој клуб, поминаа две прекрасни години. Крајот беше малку груб, но мило ми е што сум тука“.