Connect with us

Фудбал

Килијан Мбапе ги призна „новите елементи“ за кои размислува

Уште еднаш Килијан Мбапе беше запрашан дали одлучил каде ќе игра од новата сезона. Договорот на напаѓачот со Пари Сен Жермен истекува на лето и Реал Мадрид важи за сигурна дестинација. Сега тој навести нови параметри во понудата на ПСЖ да остане.

„Сè уште размислувам… Има некои нови елементи и многу детали што морам да ги земам во предвид. Одлуката не е лесна, не сакам да грешам. Дали би продолжил овде? Да, секако“, изјави светскиот шампион.

„Следната сезона? Сè уште не знам. Не сум донел одлука, тоа сите го знаат. Ми треба време да го направам најдобриот можен избор за мене и за моите најблиски. Да одлучев, веќе ќе го објавев“, додаде францускиот напаѓач.

Се зборува дека клубот му понудил рекордна плата, како и да му ја даде капитенската лента.

Во неделата вечерта, Мбапе постигна два гола и мина за останатите тројца во успехот на неговиот тим со 5:1 над Лориен.