Connect with us

Фудбал

Кимих: Немаме играчи!

Баерн Минхен беше поразен на пријателски натпревар со 5:2 од Нирнберг. Срамен резултат за германскиот шампион, а по натпреварот Џошуа Кимих зборуваше за проблемите што ги има неговиот тим. Тој смета дека Баварците не се комплетен тим.

„Во Доха бевме само 12-13 професионални играчи, останатите беа млади. Тимот е полн со млади луѓе, така не беше кога тренирав во Баерн првата година.“

„Мора да играме на 3 натпреварувања и потребни ни се професионални играчи, потребни ни се играчи кои се подготвени. Имаме многу повредени играчи, Гнабри не тренираше, Лива и Коман ќе се вратат наскоро, додека на Шуле и Хернандез им треба време. Клубот треба да донесе одлука, во моментот екипата не е доволно силна“, рече тој.