Connect with us

Фудбал

Кимих против Херта постави нов рекорд по бројот на допири со топката

Играчот од средниот ред на Баерн, Џошуа Кимих, постави сезонски рекорд по бројот на допири во еден натпревар.

Против Херта во неделната победа на Баерн од 4-1, Кимих апсолутно доминираше во средниот ред, а Германецот имаше дури 154 допири со топката, што е за 20 повеќе од претходниот рекорд во овој дел.

Кимих забележа две асистенции на натпреварот против Херта, а создаде три одлични шанси за соиграчите и имаше седум т.н. клучни додавања.

За извонредниот настап доби највисока можна оценка (10), а беше и еден од клучните во високиот триумф на Баварците.

Минатото лето Кимих го продолжи договорот со Баерн до летото 2025 година.

Кимих дојде во Баерн од Лајпциг во 2015 година и стана еден од заштитните знаци на Баварците и незаменлива алка без разлика кој го водел тимот од клупата.

Досега има постигнато 30 гола на 264 натпревари за Баерн, освојувајќи шест титули во Бундеслигата, три Купа на Германија, Лигата на шампионите, пет Суперкупа на Германија, Суперкупот на УЕФА и Светското клупско првенство.