Поврзи се со нас

Фудбал

Кин не го поштеди Кавани, на се претходеше сцената пред да влезе во игра

Манчестер Јунајтед на своите навивачи им приреди ново непријатно изненадување. На „Олд Трафорд“, Арсенал победи со минимални 0:1.

Легендарниот капитен на „црвените ѓаволи“ Рој Кин, кој во моментов е ангажиран како стручен коментатор на „Скај Спорт“, и жестоко го критикуваше Јунајтед.

Кин не поштеди никого, најпогоден беше Единсон Кавани, а на сè му претходеше сцена пред да влезе во игра.

„Го гледам загревањето и се прашувам … Кавани не ја ни помрдна ногата, не се ни загреа, нели?“, се прашуваше Кин.

„Потоа тој влегува како замена и од него се бара да го врати тимот во игра. Оле (Солскјер) му рече да ја забрза играта, а понекогаш тоа зависи од играчот“.

„Оле ќе добие отказ, тој ќе ја напушти оваа група на играчи, што ќе се случи тогаш? Го зборувам истото веќе месец или два“.

Јунајтед веќе загуби три натпревари на „Олд Трафорд“ оваа сезона, од Кристал Палас, Тотенхем и Арсенал, додека против Челзи имаше 0:0.

loading...

Facebook