Connect with us

Кошарка

Кинескиот шампионат продолжува во мај

Објавено:

Кинескиот шампионат во кошарка ќе продолжи во мај.

Раководството на ЦБ-лигата одлучи да ја продолжи сезоната во мај за да им овозможи на клубовите играчите да ги вратат во сотсавот уште пред да продолжи сезоната.

Голем број странски кошаркари, особено Американците, ја напуштија Кина по доаѓањето на коронавирусот. Нивното враќање сега се чека, и секој ќе мора да помине 14 дена во карантин при нивното враќање.

Првично, сезоната требаше да продолжи кон средината на април, но на крајот беше одлучено да се продолжи во мај од безбедносни причини.

Оваа одлука е донесена откако Меѓународниот олимписки комитет (МОК) ги одложи Олимписките игри во Токио и нема потреба сезоната да биде запрена поради подготовките за Игрите.

Advertisement
Реклама
Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com