Connect with us

Фудбал

Кинезите бесни на Меси! Поради Лео настана хаос на аеродромот (ВИДЕО)

Познатиот аргентински фудбалер Лионел Меси доживеа непријатна ситуација на аеродромот во Пекинг, поради прашање кое веројатно ги изнервира сите Кинези. Имено, Меси слетал во Пекинг со приватен авион, додека имал одмор во Тајван, а цариниците го запреле бидејќи имал проблеми со пасошот.

Како што пишува „Ел Конфиденсијал“, Меси наместо аргентински имал шпански пасош, поради што настанал проблем. Познато е дека шпанските граѓани можат да влезат во Тајван без виза и да останат во земјата не повеќе од 90 дена, па во Кина цариниците побараа од Меси да им го покаже аргентинскиот пасош. На почетокот Меси се изненади, а потоа испука прашање како од топ што ги налути Кинезите: „Значи, Тајван не е Кина?“