Други спортови
Кинезите ќе ги казнат своите спортисти затоа што не освоиле 100 или повеќе медали на Олимпијадата
Олимпијадата во Токио е при крај.
Останува уште еден натпреварувачки ден, по што ќе биде завршен уште еден натпревар, како и освојувачите на медали.
САД веќе надминаа 100 медали и ќе биде интересно да се види утре со која бројка ќе ги заврши Олимписките игри во Токио.
Втората најуспешна нација е Кина, која во моментов има 86 медали, но и 38 златни, два златни повеќе од Соединетите држави, но Кинезите чекаат санкции по враќањето дома.
Имено, Олимпискиот комитет на Кина ќе ги санкционира спортистите затоа што не освоија 100 медали и повеќе. Неверојатна ситуација, но Кина со години се бори да го преземе владеењето на светскиот спорт од Американците и тие веруваат дека овој потег ќе даде мотив за повеќе спортисти пред Игрите во Париз во 2024 година.
Спортистите, гимнастичарите, пливачите и другите кинески спортисти кои не освоиле медали ќе бидат санкционирани со одземање на стипендијата до крајот на 2021 година.
За да избегнат казна, Кинезите утре треба да освојат 13 медали, што е во доменот на научната фантастика.