Фудбал
Кинезите веќе немаат пари за Интер: изгубија 13 милијарди за две години
Интер наскоро би можел да има нови сопственици, откако беше откриено дека семејството Жан претрпе огромни финансиски загуби и повеќе нема доволно средства за да го води италијанскиот фудбалски гигант.
Во извештајот на Hurun се наведени најбогатите луѓе во Кина и сумите со кои располагаат овие мултимилијардери, а евидентен е и големиот пад на Жан, кој загуби неверојатни 13 милиони евра за две години.
Кинеските власти се уште имаат строги мерки против КОВИД, од кои бизнисите на Жан трпат сериозни загуби, а се очекува во наредните месеци сопствениците на Интер да останат без неколку милијарди евра.
Во таква ситуација водење фудбалски клуб е вистински луксуз и Кинезите активно бараат купувач за Интер.
Неколку заинтересирани корпорации се повлекоа откако Стивен Жан побара 1,2 милијарди евра за мнозинскиот пакет акции, но се очекува разговорите да се интензивираат до крајот на годината и не е исклучена можноста Нероаѕурите да имаат нови сопственици во 2023 година.