Тајмаут
Кинси ја премина секоја граница: Фотографиите од одморот во Африка го „срушија“ Инстаграмот
Американката Кинси Волански стана позната пред една година кога истрча на теренот за време на финалето во Лигата на шампионите меѓу Тотенхем и Ливерпул.
Кинси беше во љубовна врска со Виталиј Здоровецки, која стана позната откако истрча на теренот во финалето на Светското првенство во 2014 година меѓу Аргентина и Германија.
Прекрасната Кинси призна дека го сторила тоа за да стане популарна што успеала затоа што на Инстаграм добила над два милиони нови следбеници.
Таа често ги остава машките фанови без зборови со своите објавувања, а тоа го стори и денес со фотографии од летниот годишен одмор во Африка. За само 20 минути, таа доби скоро 50.000 лајкови, а нејзиното бујно деколте беше во центарот на вниманието.