Фудбал
Кипарска Докса го промовира Дарко Глишиќ

Поранешниот вардаров лев бек, кој во изминатава есенска полусезона беше дел од чаирски Шкупи, Дарко Глишиќ и официјално е нов член на кипарскиот прволигаш Докса.
Дарко Глишиќ го комплетира трансферот во Кипар, каде стави потпис на договор со Докса и ќе заигра заедно со Дамјан Шишковски и Душко Трајчевски.
Во новиот клуб ќе игра со бројот 33, а левиот бек има и три настапи за македонската репрезентација.
Глишиќ претходно во својата кариера настапуваше и за сараевски Олимпик, грузиски Динамо Тбилиси, како и во бугарските Септември Софија и Арда Карџаели.

loading...