Connect with us

Други спортови

Киргиос: Гренд слем титула? Претпочитам да одам на пиво, спортот го сфаќате премногу сериозно

Австралискиот тенисер Ник Киргиос е повторно во центарот на вниманието, и тоа повторно поради „несоодветните изјави“.

Киргиос неодамна зборуваше за тоа колку пијан играше против Рафаел Надал во шоу со својот пријател Елиот Лони, а сега тврди дека повеќе би сакал да оди на пиво наместо да освои Гренд Слем?!

„Мислам дека моето тело не може да се справи со седум натпревари од Гренд Слем. Јас би можел да играм три или четири часа на секој натпревар. Ако можам, подобро би одел на пиво после натпреварот. Само сакам да се опуштам, мислам дека го сфаќаш спортот премногу сериозно“ рече Киргиос.

Тој исто така изјави дека не е неопходно да се има тренер и дека станува збор за „трошење пари“ затоа што „премногу наплатуваат за нивните услуги“.

„Ангажирањето тренер за мене нема смисла, бидејќи не би сакал да трошам време и пари. Мислам дека не е потребно. Моментално сум сам во кариерата. Имам свое хоби и искрено не сакам да ги слушам советите на другите луѓе“, додава Киргиос.

Киргиос се сеќава на своето детство и тоа го гледа како една од причините зошто тој е таков каков што е.

„Имаше многу луѓе кои дадоа свое мислење за тоа што да правам и што да кажам, а тие коментари понекогаш болат. Јас бев само дете што сакав да играм и да се натпреварувам. Тогаш имавте тренери и наставници кои ви кажуваа на 14 или 15 години дека имате проблеми со губење на тежината или дека ова или она не би било добро. Беше многу тешко да се справам со нив. Само сакав да им докажам. Сакав да излезам, како дебело момче од Канбера кое добро да ја удира топката и достојно играше со најдобри во светот“, додава Ник.