Ракомет
Кирил Лазаров е најстариот играч во Лигата на шампиони во ЕХФ!
Македонскиот ракометен крал, Кирил Лазаров (40) , треба да биде најстариот играч во ЕХФ Лигата на шампиони 2020/2021 следната сезона.
Десниот бек на францускиот Нант ќе помине уште една сезона во дресот на францускиот вицешампион, кој доби покана за настап во најквалитетното европско клупско натпреварување во нов формат со 16 клуба.