Поврзи се со нас

Други спортови

Китата победник на Лондонскиот маратон

Лондон, 4 октомври 2020 (МИА) – Етиопскиот тркач Тола Шура Китата триумфираше на маратонот во Лондон. Тој патеката ја истрча со време 2:05.41 часа.

Минатогодишниот победник, Кениецот Елиуд Кипчоге заврши на осмото место.

Пласман на првите пет на престижниот маратон во Лондон:

1. Тола Шура Китата (Етиопија) – 2:05.41 часа
2. Винсент Кипчумба (Кенија) – 2:05.42
3. Сисеј Лема (Етиопија) – 2:05,45
4. Мосинет Горемеу (Етиопија) – 2:06.04
5. Муле Вашхун (Етиопија) – 2:06.08. зс/

Advertisement

Facebook

Реклама