Ракомет
Кизиќ: Публиката ни даде мотив плус
Бранителот на трофејот во ЛШ, со победата на домашен терен пторив Мешков Брест успеа да се врати на второто место на табелата.
18 годишниот голман Марко Кизиќ вечерва се докажа дека заслуува поголема минутажа, нај забележителна одбрана на младото момче кое ги возбуди навивачите на Вардар, беше двојната одбрана.
„Најпрво сакам да му честитам на противникот за борбената игра која ја прикажа. Ова беше многу важен натпревар за нас за да се вратиме на втората позиција на табелата. Натпреварот беше тежок но ја имавме предноста на домашен терен, публиката ни даде мотив плус и успеавме да стигнеме до победа. Сега одиме понатаму треба да ја вратиме формата, покажавме дека имаме квалитет и дека не сме заборавиле да играме“ изјави Кизиќ по натпреварот.