Connect with us

Фудбал

Кјелини: Мора да играме со почит, фудбалерите на Македонија се добро познати во своите клубови

Македонската репрезентација во четврток со почеток во 20:45 го игра полуфиналниот натпревар од баражот за Светското првенство во Катар, против Италија во Палермо.

Во пресрет на утрешниот натпревар, зборуваше и дефанцивецот на Италија, Џорџо Кјелини кој истакна дека треба да играат со почите кон Македонија.

„Мислам дека не треба да направиме нешто посебно за да го вратиме нивото кое не однесе на „Вембли“. Мора да играме со почит, бидејќи фудбалерите на Македонија се добро познати во своите клубови. Треба само да бидеме свои, да го играме нашиот фудбал и да го правиме тоа смирено, сето она што ни овозможи да загубиме многу малку натпревари во последните три години.

Добро сум, тренирав добро и среќен сум што сум тука. Имаме уште еден тренинг, селекторот ќе го направи својот избор, но јас сум на располагање. Со оглед на последниот месец, тренирањето без проблеми е веќе достигнување“, изјави Кјелини