Фудбал
Клајверт вели дека ќе жали зошто го одбра Јуве, Де Лихт не се двоумеше да одговори
Дефанзивецот Матијас де Лихт изјави дека не жали зошто го избрал Јувентус да ја продолжи кариера по своето деби во Ајакс. Ова е директен одговор за Патрик Клајверт, кој пред два дена посочи дека 21-годишниот фудбалер требало да ја избере Барселона. Директорот на академијата на Барселона, Клајверт изјави дека му е жал што дефанзивецот се пресели во Јувентус, наведувајќи дека ќе се кае за неговата одлука.
„Не ми е жал за фактот што се преселив во Јувентус“, изјави Де Лихт за „Војтбал премиер“. „ Има многу работи што се кажани и напишани, но тоа е само претпоставка“.
Јувентус следниот натпревар ќе го игра против Аталанта во сабота. „Бјанконерите“ оваа сезона ќе се обидат да останат непоразени во Серија А.