Други спортови
Кличко е во војна и размислува за враќање во рингот
Поранешниот светски шампион во тешка категорија моментално се наоѓа на бојното поле во Украина, каде и се приклучи на армијата на земјата поради воениот конфликт со Русија.
Кличко се прости од боксот во 2017 година по 11 години како светски шампион во тешка категорија.
Тој во интервју за германски Билд откри дека сериозно размислува да се врати.
– Научив дека и покрај војната не треба да заборавиме на животот. Спортот е дел од мојот живот. Среќен сум што Тајсон Фјури победи во таа борба. Кој знае, не сакам да ветувам ништо, но ако сум во добра форма и војната во Украина заврши брзо, кој знае, можеби ќе се вратам. Сонувам да го соборам рекордот на Џорџ Форман. Тоа ме мотивира да станувам секој ден и да спортувам. Секој има своја мотивација – изјави познатиот боксер.